Во првите три месеци БДП „скокна“ за 0,1 проценти

Бруто домашниот производ во првиот квартал на 2018 година забележа стапка на раст од 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Резултатите се слични со првото тримесечје од 2017 година, кога растот на БДП беше 0.

Според економистите, ова се должи на слабата економска активност во градежништвото, но и во сите други гранки.

Причина за ниската стапка на раст на БДП е и слабата реализација на капиталите инвестиции, кои биле под 11 отсто, пишува порталот „Економски.мк“.