Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел во саботата во Скопје најави портпаролот на германската влада Стефан Зајберт, пренесуваат грчки медиуми.

„Посетата треба да испрати порака за поддршка на премиерот Заев за референдумот за името, бидејќи Берлин активно го поддржуваше компромисот меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија“ пишува „Ефимирида“. .

„Програмата е сé уште во подготовка, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се состане со премиерот на БЈРМ, Зоран Заев“ вели портпаролот според кој „регионалниот развој, билатералните прашања“ ќе бидат тема на состанокот, а Меркел “, секако, сака да остави впечаток  во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата.

SHARE

Comments are closed.