Во Скопје пукање од возило во движење

Loading...

Синоќа околу 22:45 часот во главниот град од две патнички возила „Ауди“ во движење било пукано кон патничко возило „Мерцедес“.

Вооружениот инцидент се случил на крстосницата на улица „Софиска“ со улицата „Московска“ во Скопје

Како што е наведено во полицискиот билтен, на местото на настанот излегле полициски службеници и при преглед на теренот биле пронајдени четири чаури со калибар 9 милиметри.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.