Вчера во катедралата „Св. Св. Кирил и Методиј“”во Струмица, повеќе од 250 луѓе од Бугарија и Македонија заедно дбележаа 100 години од смртта на бугарскиот митрополит  Герасим Струмички.

Заедничката прослава се одржа на иницијатива и со финансиска поддршка на претседателот на Фондацијата “Бугарска памет” Милен Врабевски и со помош на Бугарски културен клуб во Скопје, пренесуваат бугарски медиуми.

Церемонијата беше предводена од струмичкиот митрополит Наум, кој неодамна беше награден со почесна титула “Doctor Honoris Causa” на ВТУ “Св. Свети Кирил и Методиј “.

На прославата во катедралата “Св. св. Кирил и Методиј “, каде се положени и посмртните останки на митрополит Герасим, присуствувале граѓани, ученици и наставници од Гоце Делчев, Петрич, Делчево, Струмица, кои одадоа почит на бугарскиот духовник.

SHARE

Оставете Коментар