Во тек е телефонскиот разговор Ципрас – Заев, се подготвуваат микрофоните

Loading...

Порано од најавеното, околу 16 часот и триесет минути попладнево преку криптиран систем за безбедна комуникација започнал вториот разговор за два дена меѓу премиерите Заев и Ципрас, дознава expres.mk од добринформирани извори во Атина.

Грчката страна не очекува компликации затоа што во подготовката за разговорот двата кабинети ги надминале сите спорни прашања.

Протоколот на Ципрас веќе подготвува прес конференција на која то ќе објави детали откако за договорот ќе ги информира политичките лидери и претседателот Павлопулос.

Според сите информации името кое ќе го избере Заев е Северна Македонија, една од трите опции прифатливи за Грција покрај Нова и Горна.