Во Вашингтон се очекува средба Пенс – Заев

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон ќе има средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

” Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО”, соопшти владината прес-служба.

Посетата на Заев на Вашигтон и средбата со Пенс следува по посетите на американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и на помошникот државен секретар Вес Мичел на Македонија и искажаната поддршка за претстојниот референдум и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

Во почетокот на овој месец и  американскиот претседател Доналд Трамп, во писмо до македонскиот претседател Ѓорге Иванов, изрази поддршка за договорот со Грција, оценувајќи го како историски и можност за отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

SHARE

Comments are closed.