,,Војната” меѓу ДУИ и Алијансата продолжила на референдумот, ќе ја има и на предвремените (ФОТО)

Најавата на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села дека не може да соработува со луѓе што му забиваат нож во грб и дека нема да биде дел од заедничка коалиција со СДСМ, ДУИ и Беса на предвремени избори се должи на судирот со ДУИ на последните локални избори но и на тивката пресметка што се случила на референдумот.

Во трите општини каде што на локално ниво владеат градоначалници на Алијансата на Албанците Гостивар, Врапчиште и Боговиње има значително помала излезност во споредба со ланските локални избори.

Во овие општини според партиски активисти на терен се случил организиран бојкот на ДУИ со цел да се прикаже дека градоначалниците на Алијанса на Албанците се неспособни и не можат да ги организираат граѓаните Албанци.

Ова треба да биде искористено од страна на ДУИ во идните изборни кампањи, можеби уште годинава на предвремените парламентарни избори.

Излезноста е драматично помала во Гостивар и Врапчиште каде на локалните избори лани имало излезност од 42 (40) % а сега едвај има по 32 проценти во двете општини кои ги водат кадри на АА на Зијадин Села.

Партиски аналитичари тврдат дека помалата излезност на референдумот се должи на директен бојкот на ДУИ а бројот на луѓе што не излегле да гласаат се близок на бројката што предходно ја освојувала најголемата албанска партија во Македонија.

Главниот судир во блокот албански партии на предвремените парламентарни избори се очекува да се случи меѓу Алијансата и ДУИ особено поради извесната соработка меѓу едно од крилата на БЕСА со Села.

Истрагата против вицепремиерот Османи од страна на СЈО за корупција додека е ДУИ на власт дополнително ја комплицира состојбата во албанскиот блок партии.

Оставете Коментар