“Војводите” вечерва пред полициската станица во Тетово за Саздо

Под мотото “УТРЕ И ВАШИТЕ ДЕЦА МОЖЕ ДА БИДАТ САЗДО!!!” А во знак на револт вечерва навивачите на Тетекс се собраа пред полициската станица во Тетово.

“Ние како навивачка група и како МАКЕДОНЦИ од Тетово години наназад сме сведоци на многу неправди и заташкувања на случаи кога се во прашањата Акбанците. Ние живеме во град во кој законите и правдата важат само за нас МАКЕДОНЦИТЕ ама и не за оние од кои ни го згадија градот.

Македонецот тука пати во секој поглед и е оставен сам на себе, додека оние со кои треба да градиме “Соживот” кој никад нема ни да биде, ниту постоел се над законите и прават што сакаат”, велат Војводите.

“Затоа изразуваме секаква поддршка до нашите браќа Комити за секој чекор понатаму, затоа што ние сме оние кои многу вакви случаи и заташкувања сме ги осетиле на своја кожа, но и браќата на мака се познаваат.

Во оваа објава сакаме и да го споменеме и нашиот Мујо кој кукавички беше прободен до смрт, да го спомнеме и нашиот Ванчо кој ни крив, ни должен беше убиен додека игра кошарка пред својот дом со другарите и уште многу други кои беа избодени низ тетовските улици во знакот на “соживотот”, но за среќа успеаа во борбата за нивниот живот ! Ова лудило мора да запре, затоа што Македонскиот народ веќе не може да ги трпи овие неправди.

ДОЈДЕ ДЕНОТ КОГА МАКЕДОНЕЦОТ ТРЕБА ДА СИ ПОДАДЕ РАКА ЕДЕН НА ДРУГ.

Ве повикуваме сите МАКЕДОНЦИ, сите навивачки групи да се обединиме и да застанеме сите сложно и единствени во одбрана на нашата татковина и од секојдневните напади кон сите нас и кон нашата земја, кои се со една цел, а тоа е уништување на МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Ги повикуваме и институциите да започнат да работат како што треба, да ги почитуваат и практикуваа законите подеднакво за сите. Доста беше малцинството да царува и владее со нашата земја, но ако не почнете да ги казнувате според законите на РМ ќе не натерате ние народот да бидеме судот!

Саздо, дете комитско, секогаш ќе живееш во нашите срца!!”, се вели во апелот на навивачите на ФК Тетекс од Тетово кои вечерва мирно протестираа пред полициската станица во овој град.