„Volvo“ го претстави првиот модел на брендот „Polestar 1“ за електрични возила, зголемувајќи ја конкуренцијата на пазарот, каде што досега доминираа возилата на Тесла.

Хибридниот „Polestar 1“ е купе со четири седишта со лесна каросерија од јаглеродно влакно.

Овој модел може да помине 150 километри со едно полнење на батериите. Возилото има и бензински мотор.

Предвидено е „Polestar 1“ да се произведува во фабрика во западниот дел на Кина и ќе се појави на пазарот во 2019 година.