Воскопулос до РМ: Грција има два големи проблема

Фронтменот на партијата на Македонците во Грција, Павле Воскопулос, им објаснува на граѓаните на Република Македонија зошто јужниот сосед нема да го реши спорот за името.

„Треба да знаете дека Грција не сакаше и не сака пристојно-коректно-достоинствено решение на проблемот, создаден од оваа држава, околу ‘името’ Република Македонија“, ни порачува Воскопулос.

Според него, Атина не сака решение бидејќи има две големи проблема:

1. Грција не сака реформа околу грчката национална идеологија и совремемиот грчки национален идентитет поврзан со македонскиот. Конкретно, редефинирање на современиот грчки национален идентитет.

2. Македонското малцинство во северна Грција да биде секогаш под притисок при проблематична ‘нерешена’ ситуација (дури и по компромисно решение за името) и односи Грција – Република Македонија.

„Затоа, Грција тера по свое… ние тука го знаеме тоа“, вели Воскопулос.

 

Comments are closed.