Воскопулос: Познати грчки финти…

Во само три збора Павлос Воскопулос ја открива суштината на изјавата на потпретседателот на грчкиот Парламент, Никитас Какламанис, кој рече дека ако договорот (за името) содржи македонски јазик и македонска нација, нема да биде изгласан.

„Како и Рамковната конвенција заштита на правата на малцинствата од 1989 година. Грција ја потпиша во Стразбур и никогаш не ја имплементираше бидејќи, намерно, грчкиот парламент ја игнорира… До ден денес не ја верификува.

Бидејќи, доколку ја верификува, ќе има редовна контрола за доброто или лошото имплементирање, особено околу македонското и турското малцинство…

Ние ја знаеме грчката политика, дури и финесите бидејќи сме тука“, напиша на својот ФБ профил Павлос Воскопулос, активист на партијата „Виножито“ која е членка на Европската слободна алијанса.

3 Коментари

  1. Нема да има никаква потреба од „добро или лошо имплементирање“ ако Македонија влезе во НАТО и ЕУ.

Comments are closed.