Воздухот опасен по живот, ДОМ зборува за храна

Единствената еколошка партија во владата молчи за аерозагадувањето но затоа денеска бара јавна дебата за законот за храна и воведувањето на ГМО во земјава.

“ДОМ остро реагира на најавените измени на Законот за безбедност на храна, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел овозможување на производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на ГМО храна. Повторно апелираме за неопходноста од широка јавна дебата на оваа тема, со вклучување на сите засегнати страни. Сметаме дека во услови кога во нашата држава не постои акредитирана лабораторија во која ќе се контролира концентрацијата на ГМО во храната, отворањето на врата за ГМО храна, не е во интерес на пошироката јавност”, објави ДОМ попладнево.

Предходно денеска младинската организација на ДОМ побара зелена зона во центарот на Скопје но од владата нема реакција на ова барање на владиниот коалиционен партнер.

Отворена поддршка за младинците не дадоа ни сениорите од еколошката партија кои можат да ја напуштат владата која не ги слуша барањата на еколошката партија.