Утринава околу 6,30 часот на автопатот Градско-Велес се превртело возило „Рено еспејс“ со струмички регистарски таблички управувано од непознато лице.

По незгодата возачот побегнал, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца биле повредени, јави МИА.