Вработувањата не се заради референдумот, тврди министерката Царовска

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска негира дека масовните вработувања за кои обвини опозицијата, посебно во центрите за социјална работа и во градинките, имаат врска со претстојниот референдум за договорот Заев-Ципрас.

„Тоа ќе продолжи како тенденција, не заради референдумот, туку поради тоа што сега е време системот за социјална заштита и за детска заштита да се исправи на нозе. Вработуваме квалитетен кадар кој останал во Македонија“, изјави Царовска.

Министерката се пожали дека наследиле систем во кој за детска заштита недостигаат 2.000 вработувања.

„Ги држеа на определено време за партиски да ги експлоатираат, па на сите со договори за определено им ги заменивме на неопределено време и вработивме 800 нови“, објасни таа, додавајќи дека во центрите за социјална работа се вработени околу 200 лица.

 

SHARE