Втор тежок прекршок на судот во судењето за 27 април

Освен прекршување на правниот институт Презумпција на невиност судот денеска со уште една груба грешка на судењето за 27 април.

Таа беше направена кога на еден од обвинетите Горан Ангелов судот не му дозволи да избере адвокат откако неговиот во петокот му ја откажа адвокатската услуга.

Судот во петокот на Ангелов му додели адвокат по службена должност а денеска го одби барањето да именува друг адвокат.

Од него се бараше да достави полномошно за неговиот иако Ангелов во сабота и недела беше во притвор каде што за време на викенд не се дозволени никакви посети и контакти дури и за доделување полномошно за застапување.

Технички тој не бил во можност да даде полномошно а судот го знае тоа многу добро.

И покрај тоа судот не го прекина рочиштето туку инсистираше судењето да продолжи со службено доделениот адвокат кој Ангелов не го прифаќа со што е направена груба грешка на судот.

Дополнителен срам за судот предизвика изјавата на службената адвокатка која одби да даде воведен говор за Ангелов закажан за денес затоа што дури во петок и бил доделен клиентот и немало доволно време за подготовка.

Непрекинувањето на рочиштето е груба повреда на правната процедура и може да доведе до повторување на целата постапка, што според упатени во судскиот систем им е совршено јасно и на судиите и на обвинителите.

Според нив ваквото однесување на судот може да значи дека тој е под силен притисок поради кој се прават сериозни грешки поврзани со правата на обвинетите а за кои подоцна може да биде повторена целата постапка.

Првата груба грешка на судот на штета на обвинетите за 27 април

Груба грешка на судењето за 27/4, укината презумпцијата на невиност

SHARE

Comments are closed.