Втора победа против Северна, твитерџиите ја поразија и Финска

Македонските твитерџии ја извојуваа втората симболична победа против употребата на Северна Македонија.

Откако минатата недела глобалната платформа за рејтинг на националните пасоши со помош на македонската дијаспора од цел свет се повлече од употребата на Северна Македонија денеска и финскиот амбасадор во Белград кој ја покрива Македонија се корегираше.

Амбасадорот „Баба Ванѓа“ што не знае каде амбасадорува (ФОТО)

Амбасадорот Иконен наместо новото договорено име со Грција повторно употребува само Македонија по спроведена масовна акција на твитерџиите кои во рамки на неформалната кампања #бојкотирам масовно побараа да го употребува Уставното име Република Македонија.