Полуфиналето на Светското првенство помеѓу Хрватска и Англија, синоќа беше во фокусот на интересот на лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот во Брисел кои преку мобилни телефони го очекуваа исходот од средбата.

Британската премиерка, Тереза Мај, германската канцеларка Ангела Меркел, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама, ја искористија  паузата на состанокот во седиштето на НАТО за да го изгледаат крајот на возбудливиот фудбалски натпревар, во кој Хрватска оди во финалето на Мундијалот.

Албанскиот премиер, како што јави турската агенција „Анадолија“, ја утешил Тереза Меј дека е добро што шампионот на Светскиот куп оваа година „доаѓа во Западен Балкан“.

1 Коментар

Оставете Коментар