„Втората“ ратификација на договорот со Грција на 5 јули

Loading...

На денешната координативна средба на спикерот на македонскиот парламент, Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи договорено е на 5 јули, Собранието повторно да гласа за Законот за ратификацијата на договорот за името со Грција, пренесе МИА.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, минатата недела писмено го извести парламентот дека нема да го потпише Указот за прогласување на договорот што го потпишаа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас на 17 јуни во Преспа.

Собранието на 20 јуни со 69 гласа „за“ го изгласа законот.

Овој пат, за да се изглса законот потребни се 61 пратенички гласови.

Претседателот на Собранието, Џафери, најави дека доколку Иванов и овој пат не го потпише Указот, тој ќе го испрати договорот во „Службен весник“ само со негов потпис.

8 Коментари

  1. АПЕЛИРАМ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ ДА НЕ РАТИФИКУВААТ ОВОЈ ШТЕТЕН И НЕЛОГИЧЕН ДОГОВОР!

    Можеби македонците не сакаат никаков „зајакнат” или било на кој начин модифициран идентитет, туку сакаат СВОЈ идентитет, без разлика дали е ваков или „никаков”! Важно, ние македонците сакаме СВОЈ идентитет, а не вештачки или туѓ или наметнат! Националниот идентитет не може да биде ВЕШТАЧКА ТВОРБА или креација на социјалниот инженеринг, туку тој идентитет потекнува од самиот народ. Не постои „компромисен” или „зајакнат” идентитет, туку само изворен идентитет како резултат на суверената воља на народот!
    Таков национален идентитет не е „ЛИЧНО ЧУВСТВО” (како вели Заев), туку ПРАВНА КАТЕГОРИЈА!!!
    Во САД Националниот идентитет претставува синоним за ДРЖАВН-ПРАВНИОТ ИДЕНТИТЕТ, односно правниот идентитет на државата како домашен и меѓународно-правен субјект! Државниот идентитет, кои потекнува од СУВЕРЕНАТА ВОЉА е елемент од сет правни карактеристики со кои се дефинира ПРАВНОТО ЛИЦЕ и ваков идентитет, како правен елемент е израз на СУВЕРЕНАТА ВОЉА на народот и независноста на државата, а не е предмет на договорното или диспозитивно уредување, бидејќи спаѓа во доменот на ius cogens (повисоките норми од императивен инхерентен карактер).
    На овој начин, Заев пристапува РЕДУКЦИОНИСТИЧКИ кога вели дека идентитетот е „лично чувство”. И поробени народи, како Македонците имале „лично чувство” дека се пр. Македонци, но дури кога створиле својата независна држава, колективното чувство на идентитетот се здоби со потребни правни својства, за да можеме да зборуваме за СУВЕРЕН идентитет, а не идентитет „за по дома” или идентитетот на потчинетиот, кои не е слободен. Основното својство на идентитетот е тој СЛОБОДНО да се изрази, а не да биде предмет на компромис или правен договор, со кои се ограничува оваа суверена слобода.
    РЕШЕНИЕ ПОСТОИ: https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un

  2. Игор Јанев, ве изедоа емоциите, ве отру желбата да се прифати вашиот предлог. Никако не сакате да разберете дека не постои друго решение освен договор постигнат во преговори помеѓу Македонија и Грција. Договор кој ќе го прифатат двете страни, како и што се случи. И да не помине овој договор, и следниот ќе треба да се постигне во преговори со Грција, и следниот треба да биде прифатен од двете страни. НЕ ПОСТОИ ДРУГ НАЧИН – освен решение постигнато во меѓусебни преговори!!! Од таа ваша пуста желба не зборувате повеќе како професор, туку како емоционално растргнат човек. Какви се тие манипулации со тоа што е идентитет? Како тоа „идентитетот потекнува од самиот народ“ и како може идентитетот да потекнува од „суверената воља на народот“? Идентитетот на еден народ не потекнува нити од „самиот народ“, нити од „суверената воља“ на народот, туку од посебноста на еден народ, од неговиот посебен јазик, писмо, обичаи, историја, култура, што го прават тој народ посебен, РАЗЛИЧЕН од сите други народи. Идентитет е збир од карактеристики по кои некој или нешто е еднакво само на самото себе и различно од сите други некои или нешта. Еден народ ќе има свој идентитет се` дури по својот јазик, писмо, обичаи, историја, култура, ќе се разликува од другите народи. Кога тоа ќе го изгуби, ќе го изгуби и својот идентитет. Најдобар пример за тоа е бугарскиот народ. Кога бугарскиот народ, во 7-ми век, ги покорил словенските племиња во областа под реката Дунав, Стара Планина и Црно море, го прифатил јазикот на Словените и го изгубил својот јазик, ги прифатил обичаите, културата на тие словенски племиња и се претопил во нив. Каде е денес тој народ? Останало само името. Значи, идентитет не постои поради нечија „суверена воља“. Идентитет постои се` додека некој или нешто (народ, држава, било што) се разликува од другите. Искрено, заморно ми е и да пишувам. Повторно ве замолувам ако можете да помогнете таму каде што може да се помогне. И самите знаете дека Македонија мора да прифаќа компромиси. Можеби овој договор не е најдобар за нас. Но прашање е дали можел да биде подобар. Лесно е после битка сите да се прават генерали.

    • Хахахаха, Вашиот Заев сака и тоа неприкосновено „лично чувство” да модифицира и редефинира. Од една страна вика дека никој нема право да се меша во такво лично чувство, а потоа преку квази-спогодба сака да го ограничи ова лично чувство преку контрола на мисла и идеји, а за правато на слобода на говор и слободното изразување и да не зборуваме! Хахахаха
      п.с. Грција ќе ја подрие спогодбата!

  3. Се гледа дека не сте правник. Немате знаење.

Comments are closed.