„Втората“ ратификација на договорот со Грција на 5 јули

На денешната координативна средба на спикерот на македонскиот парламент, Талат Џафери, со координаторите на пратеничките групи договорено е на 5 јули, Собранието повторно да гласа за Законот за ратификацијата на договорот за името со Грција, пренесе МИА.

Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, минатата недела писмено го извести парламентот дека нема да го потпише Указот за прогласување на договорот што го потпишаа министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас на 17 јуни во Преспа.

Собранието на 20 јуни со 69 гласа „за“ го изгласа законот.

Овој пат, за да се изглса законот потребни се 61 пратенички гласови.

Претседателот на Собранието, Џафери, најави дека доколку Иванов и овој пат не го потпише Указот, тој ќе го испрати договорот во „Службен весник“ само со негов потпис.