Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека ќе бара гаранција дека Србија ќе влезе во Европската унија во 2025 година во било кој договор кој ќе биде потпишан со Косово.

„Ако некогаш постигнеме договор (со Приштина), Србија ќе треба да добие јасни гаранции дека ќе стане земја-членка на ЕУ во 2025 година“, изјави Вучиќ во интервју за Ројтерс.

Србија и поранешната покраина Косово во 2013 година се обврзаа на дијалог со посредство на ЕУ за подобрување на односите и решавање на сите отворени прашања, но од тогаш има мал напредок.

Вучиќ велидека може да потрае и до 10 години додека Белград и Приштина постигнат договор поради многуте нивни разлики во мислењето.

Околу  шпекулациите за корекција на границите или за размена на територии српскиот претседател вели:

„Понекогаш се насмевнувам кога ќе слушам како луѓето ги поедноставуваат работите и велат дека договорот се сведува на едноставното – ќе ви дадам три села и ќе добијам шест села (за возврат)“.

Оставете Коментар