Вучиќ: На Македонија и на Албанија во јуни нема да им дадат преговори

Српскиот претседател Александар Вучиќ е песимист дека Европски совет во јуни на Македонија и на Албанија ќе им одобри почеток на преговори за членство во Европска унија, и покрај таквата препорака од Европска комисија.

„Македонија и Албанија се во незавидна позиција. Претпоставувам дека во јуни ќе бидат изречени некакви пофалби, за да не се каже баш дека е катастрофа и оти ништо не добиле, но сметам дека нема да им дозволат да отворат поглавја“, им изјави Вучиќ на новинарите во Баку, каде што допатува вчера во дводневна посета.

Ваквиот заклучок шефот на српската држава го извлекува од ригидните ставови на Франција и на Холандија во врска со отворањето поглавја за земјите-кандидати во јуни.

„Не е дека нешто прејудицирам, но така не било ни пред Првата светска војна“, прокоментира тој, инсистирајќи на проценката дека околностите во Европа и во светот се многу комплицирани и оти многу опасности нè опкружуваат.

 

1 Коментар

Comments are closed.