Вучиќ најавува референдум за Косово

Loading...

Претседателот на Србија вели дека во врска со решавањето на статусот на Косово „никој нема да крие ништо“ од граѓаните на Србија и дека референдумот е еден од можните начини за изјаснување на граѓаните за ова прашање.

„Кога ќе имаме нешто со кое можеме да излеземе пред луѓето, ќе излеземе пред народот, а еден од начините е референдум. Ако сакате да го промените Уставот, ќе мора да се оди на референдум“, рече претседателот Александар Вучиќ за РТС.

Тој, исто така, рече дека се плашил дека Албанците одлучиле, со нечија премолчена или суштинска поддршка, не само да внесат немири и страв во Србите, туку и да преземат некои други мерки“, вели Вучиќ.