Вучиќ: Никој не ни гарантирал ЕУ, луѓето веќе не се одушевени

Повеќето луѓе во Србија сè уште се за влез на земјата во Европска унија, иако нејзината популарност опадна, вели претседателот Александар Вучиќ во интервјуто за „Euronews“ во пресрет на утрешниот самит „ЕУ – Западен Балкан“ во Софија.

Околу тоа кога Србија би можела да влезе во ЕУ, бидејќи нема знаци за проширување во буџетот на Унијата до 2027 година, српскиот претседател вели:

„Пред сè, мислам дека никој досега не гарантирал дека ќе бидеме дел од ЕУ до 2025 година. Но, ни велеа ‘доколку направите… ако ги решите сите проблеми со Приштина (…)’ Ние сме на европскиот пат од 2000 година. Поминаа 18 години и тоа е причината зошто понекогаш луѓето се чувствуваат исцрпени. Секако, нема подобро решение, ќе ја завршиме нашата работа и ќе направиме големи напори во обидот да најдеме решенија за косовската криза“.

 

Оставете Коментар