Вучиќ отфрлил американски „план за Косово“

Loading...

Ссрпскиот претседател отфрлил работен документ во врска со решавањето на косовскиот проблем, познат како „Американски пакет“, откако оценил дека е „недостоен за внимание и неприфатлив за нашата земја“ и затоа не сакал да ја информира јавноста за тоа, пишува денеска  „Новости“.

„Нон пејперот“ наводно  по неформални дипломатски канали им бил доставен на двете страни (Белград и Приштина) , а косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изразил надеж дека Белград ќе го прифати планот кој практично предвидува признавање на Косово од Србија.

Зад планот, пишува „Новости“ стоеле „клучни земји од Запад“ кој го доставиле работниот документ до претседателот Александар Вучиќ со силен „авторски печат“од САД.

Планот  предвидува четири столбови за договор:

– Заедницата на српските општини (во Косово – н.з.) да добие пошироки извршни овластувања и подобрени надлежности во областа на здравството, образованието и културата.

– Заедницата ќе биде тесно институционално се поврзана со потпретседателот на косовската влада кој ќе биде од редовите на српскиот народ

– Од Белград се очекува да ѝ овозможи на Приштина да се приклучи на меѓународни организации, пред се во ОН.

– Доколку српската страна се согласи со овој пакет, ќе може да се приклучи кон Европската унија, а САД ќе гарантираат поширока економска и дипломатска поддршка на меѓународната сцена.

„Ова беше апсолутно неприфатливо за наша страна и логично е дека оваа ‘понуда’ не беше земена предвид од страна на шефот на државата“, пишува „Новости.