Вучиќ сака да ги види македонското и српското знаме едно до друго

Српскиот претседател Александар Вучиќ при денешната посета на граничниот премин Прешево-Табановце заедно со македонскиот премиер Зоран Заев изрази желба српското и македонското знаме уште повеќе да се приближат на идниот интегриран премин меѓу двете земји.

„Ќе биде уште поубаво тука кога ќе се приближат нашите две знамиња на интегрираниот премин. Имаме историски блиски односи, стратешки сме блиски едни на други, а дали некогаш ќе имаме тактички несогласувања, многу помалку е важно“, изјави Вучиќ.

Шефот на српската држава нагласи дека Србија ги смета македонскиот народ и Македонија „искрено пријателски“ и најави дека ќе стори сè за двата соседа да ги исполнат меѓусебните односи во иднина со конкретни содржини со цел трговската размена да биде унапредена.

На овој начин, според него, двете земји би станале поконкурентни со тоа што товарниот сообраќај сè повеќе би ги користел нивните патишта, а не да преминува преку земјите од Европска унија, а со тоа повеќе пари би останувале за Македонија и за Србија.

Поради долгите чекања на сите гранични премини, регионот губи околу милијарда евра, додаде Вучиќ.

 

2 Коментари

  1. СЕКОЈ КОЈ ЗАОКРУЖИ „ЗА” НА ТАКАНАРЕЧЕНИОТ ПРЕДАВНИЧКИ РЕФЕРЕНДУМ НЕ Е, НИТУ МОЖЕ ДА БИДЕ МАКЕДОНЕЦ!

Оставете Коментар