Вучиќ: Вооружени Албанци се движат кон северно Косово

Претседателот Александар Вучиќ вели дека добил информации дека мисијата на КФОР била подготвена да ги спречи албанските трупи кои дргнале од две бази кон северно Косово.

„Добивме информации дека КФОР е подготвен да се запре нечие лудило, им благодарам за тоа, ако е тоа вистина”, рече Вучиќ за време на состанокот со претставниците на Србите од Косово во Белград.

Тој претходно рече дека има информации за движењето на „албански трупи“ од две бази на север од Косово.

„Тие се движат кон јужниот дел на Митровица. Доаѓаат членови на косовсските безбедносни сили со големи камиони полни со луѓе во јужниот дел на Митровица“.

Тој рече дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и дека Србите треба да знаат дека нема да бидат оставени на милост и немилост, пренесува Б92. 

„Се надевам дека никој не би помислил да применуват насилство врз нашиот народ и да убива луѓе само затоа што се Срби, бидејќи српската влада нема да го дозволи тоа“, рече Вучиќ.

Некои медиуми на албански јазик објавија фотографии од оклопните возила на косовската полиција во северна Митровица.

Српскиот претседател  денеска ги критикуваше Европската унија и Запад бидејќи не успеаја да го спречат Косово да почне трговска војна, во услови додека растат тензиите  меѓу воените непријатели.

Косовската влада вчера воведе зголемување на царините од 100 отсто за сите стоки увезени од Србија и Босна.

Вучиќ вели дека Западот отсекогаш ги обвинувал „двете страни“ за тензиите во Косово „а всушност поддржува само една, а тоа не е Србија“.

 

 

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар