Вулин: Додека е Вучиќ, нема признавање на Косово

Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, изјави денеска дека „единствениот начин Србија да го признае Косово Вучиќ биде соборен од власт и да  биде заменет со некој послушен и слаб“.

Косовскиот премиер Рамуш „Харадинај и оние од меѓународната заедница кој му дозволиле да воведува царини и да ги прекршува С СП и ЦЕФТА договорот го знаат тоа“ вели Вулин според кој воведувањето на такси и демонстрација на сила против Србите во Косовска Митровица е дел од истата акција која има за своја цел на прво место уривање Вучиќ, како неопходен предуслов за признавање на целовито и единствено Косово.

Тој, сепак, истакна дека „додека Вучиќ ја води Србија идејата за независно Косово ќетрпи порази, а големитесили нема да му го простат тоа“.

Харадинај претходно изјави дека царинските давачки од 100 отсто на стоките од Србија нема да укинати, додека Србија не ја признае независноста на Косово.

SHARE

Оставете Коментар