Вулин: ЕУ мора да го заузда Харадинај

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, вели дека ЕУ мора „да го заузда Харадинај“ и да спречи дестабилизација на Балканот.

Заканите со војна на Харадинај се доволен доказ зошто Косово не смее да има своја армија и зошто „меѓу нас и Голема Албанија мора да се создаде силно и јасно разграничување“, изјави утрово Вулин, пренесо Б92.

„Неказнетите терористи сонуваат да ги повторат своите злосторства и уште еднаш да се сокријат зад големите западни земји  за да избегнат казна и пораз“, реагира Вулин на новите закани за војна со Србија од страна на Харадинај.

Вулин вели дека Србија нема да влезе во војна, нема да предизвика конфликт, но ќе ги заштити своите интереси и нејзиниот народ.

Во интерес на Европската унија е да спречи судир и дестабилизација на Балканот, порача Вулин.

SHARE