Српскиот министер за одбрана Александар Вулин порача дека пропагандата за Голема Албанија мора да запре, оценувајќи ја таа идеја како најпоасна на Балканот.

„Пропагандата за Голема Албанија мора да престане, бидејќи тоа е најопасната полтичка идеја на Балканот. Голема Албанија подразбира војна, и тоа војна не само со Србија и со Србите, туку и со Црна Гора, Македонија и веројатно со Грција, но секако со Србија“, изјави тој за српската телевизија Хепи.

Вулин нагласи дека тој не се согласил на ништо во врска со прашањето на демаркацијата со Косово, бидејќи, според него, големите сили се против, посебно германската канцеларка Ангела Меркел.

„Тие сакаат независно Косово“, рече тој.

Министерот за одбрана на Србија смета дека големите светски сили сакаат да ја оправдаат 1999 година, иако „нападот од НАТО беше нелегитимен, акт на насилство и сè освен легален“.

 

SHARE