Вулканска ерупција во Гватемала уби 25 лица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Агенцијата за катастрофи објави дека 25 лица загинаа, десетици се повредени, но има и исчезнати откако „се разбуди“ вулканот Фуего во Гватемала.

Од ерупцијата на вулканот исфрлени се црн чад и пепел на небото, околу 100 луѓе се евакуирани, а меѓународниот аеродром во главниот град ја затвори својата единствена писта, објави Ројтерс.

Вулканот е околу 40 километри југозападно од главниот град на Гватемала.

Гватемала е држава во Централна Америка се граничи со Мексико на север и запад, Тихиот Океан на југозапад, Белизе на североисток, Карибите на исток, Хондурас на исток и Ел Салвадор на југоисток. Со проценета дека има околу 16,6 милиони жители.

Повеќе од четири недели е активен и вулканот Килуа на Хаваи.