Во период од 14 години, буџетот на македонската пошта бил олеснет за 133,6 милиони за 14 години бил „олеснет“ за 133.6 милиони денари.

Вработените проневериле 33 милиони денари, а останатите 100 милиони се од кражби од надвор, изјави директорот на „Македонски Пошти“, Ејуп Рустеми, за ТВ21.

„Ние ги третираме сите овие кусоци како побарувања бидејќи е од непознат сторител и бидејќи во декември 2005 се случи кражба од 36, 5 милиони денари. Потоа, март 2008, околу 40 милиони денари и февруари 2013 околу 13 милиони денари. Сите овие се во постапка… но немаме повратна информација“, вели Рустеми.

За проневерите од вработените, Рустеми вели дека од оние лица за кои инспекцијата ќе утврди дека ја извршиле кражбата, ќе се бара да го вратат целиот износ, пренесува ТВ21.

 

SHARE

Оставете Коментар