За 24 часа втор удар за Заев од Америка

Откако вчера за прв пат премиерот Заев беше критикуван од радиото Слободна Европа за двојните стандарди и македонската „разочарувачка борба“ против корупцијата осамна во еден од највлијателните американски медиуми.

Катастрофалните резултати на владата во борбата против корупцијата осамнаа и во престижниот „Њујорк тајмс“(„The New York Times“).

Под наслов „Европските монитори ја нарекоа Македонија разочарување“, американскиот весник го цитира извештајот на ГРЕКО во кој борбата на Македонија против корупцијата се дефинира како „целосно разочарувачка“ и се повикуваат македонските да преземат активности за таа состојба да се промени.

Антикорупциското тело на Советот на Европа во извештајот објавен во четвртокот наведува дека нема видлив напредок по препораките дадени уште пред цели четири години за спречување на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите.

Според ГРЕКО, само 6 од 19 препораки за борба против корупцијата се имплементирани задоволително. Препораките кои се однесуваат за спречување на корупцијата кај извршната власт, не се применети воопшто. Извештајот нотира минимален напредок кај борбата против корупцијата во судството.

Во извештајот се заклучува дека сегашното многу ниско ниво на усогласеност со препораките е “глобално незадоволително” и се бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките, што е можно побрзо, најдоцна, до 30-ти јуни следната година.

-Македонската главна опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во петокот остро ја критикуваше левичарската влада како одговор на извештајот. Таа рече дека премиерот Зоран Заев треба да знае дека земјата “нема да влезе во НАТО и во ЕУ”, ако не се справува со криминалот и корупцијата, пишува „Њујорк тајмс“.

Откако Македонија потпиша договор со Грција за решавање на деценискиот спор за името, Европската унија посочи дека Скопје може да го започне процесот на пристапување, но ги повика властите да постигнат резултати во реформите, особено во борбата против корупцијата – потенцира влијателниот американски весник.

Линк до текстот на Њујорк Тајмс

Предходно вчера за прв пат премиерот Заев и Владата добија сериозни критики во колумна на еден од уредниците на радиото Слободна Европа финансирано од американски пари.

Колумната на РСЕ беше спонозорирана на Фејсбук за да дојде до поголем број читатели.

Американската “Слободна Европа” удри на Заев

SHARE

Comments are closed.