За 4 дена 2 подметнати пожари во “Жан Митрев” (ВИДЕО)

Во два наврати засега непознати млади луѓе ги палат палмините дрва пред клиниката на Жан Митрев.

“Последните неколку дена во кругот на Zan Mitrev Clinic се случија два немили настана во кои настрадаа две палми. Во два поединечни исценирани инциденти група млади лица во ноќните часови запалија дел од палмите засадени во градината околу паркингиот на клиниката.
Првиот случај беше регистриран рано наутро во саботата (11.08.2018) во 1:30 часот а вториот во среда (15.08.2018) во 2:30 часот. Ицидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата и снимките ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа некој да направи ваков вандалски, нецивилизиран чин.

На снимките во првиот случај се гледаат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата која за неколку секунди вивнува во пламен.

Во вториот случај на безбедносните камери вандалите се симнуваат од автомобил и со покриено лице се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја запалуваат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото, се вели во реакцијата на клиниката која што се прашува кому му сметаат палмите и зошто некој го прави ова?