За 50 евра ли бре началниче? – пишува Горан Момироски

Додека името на далеку попознатиот „началник“ од времето на ВМРО полека темнее во јавните дебати а се поретко го викаат и на суд, Македонија доби нов „началник“ по кој ќе ја паметиме полицијата во наредниве години.

Новиот „началник“ кој ја забавува македонската јавност со денови Лазе Велковски “падна” за само 50 евра.

Началникот на Јавна безбедност во МВР , еден од најмоќните луѓе во државата не падна за милионска афера, за глобални судири, за меѓународна завера туку за околу 3000 денари колку што чини бензинот за превоз со неговото приватно возило од Скопје до Халкидики или Лептокарија.

Тоа што ќе си замине и до крај на животот ќе мора да објаснува што и зошто направил е негов личен проблем.

Тоа што, кога и да е, ќе мора да одговара за незаконските чекори е повторно негов и проблем на политичката номенклатура што го именувала.

Најголем проблем за сите нас е што началникот ни направи таква каша во имиџот пред странците, во безбедносниот систем и во механизмите за борба со корупцијата пред ЕУ од која тешко да излеземе со години.

Началникот во период кога Македонија започнува скрининг со ЕУ, се надева да го ефектуира датумот за датум за преговори со унијата и очекува брз влез во НАТО, со еден недоветен потег ги урна сите македонски позиции во деловите владење на правото, внатрешна безбедност, битка против корупција, контрола на границите, партизација на администрација, принципите на транспарентност, отчетност и состојба во медиумите затоа што МВР со денови ги лажеше и медиумите и целата јавност за гафот на началникот.

Да одиме по ред

1. Началникот фалсификувал службен налог кој морал да биде потпишан од министерот
– кој во ЕУ утре ќе верува дека државата има контрола врз институциите кога еден од најодговорните за контрола на овие појави го прави овој чекор

2. Началникот се јавил на гранична полиција да не се заведува џипот при излез и влез во земјава
– кој утре во Брисел ќе верува дека истото не се случува и за шлепери со дрога, оружје или шприцеви заразени со сида

3. Началникот злоупотребил службено возило и вработен во МВР за приватни цели
– кој утре во НАТО ќе поверува дека истото не го прават и други функционери за да ги заштитат децата, жените и швалерките

4. МВР криеше 5 дена дека возилото било возено вон сите правила во Грција
– кој во иднина ќе верува дека МВР не лаже за било која друга аномалија на неговите шефови

Во оваа прилика би било добро власта да не се фали дека го послушала гласот на народот и како одговорна влада го менува тој што згрешил. Не другари тоа веќе не минува. Затоа што Велковски не замина сам, не замина ниту затоа што тоа од него го бара министерот Спасовски. Ќе мора замине затоа што ЕУ нема да ни прости што со нивно донирано возило направивме голем грев.

Посебен проблем е лагата на МВР од каде со денови се лажеше јавноста прво дека не знае каде е возилото, потоа дека е во Скопје, потоа дека возачот бил со патен налог за да на крајот кога немаше излез мораше да се предаде и да го жртвува првиот во јавната безбедност.

И на крајот, пред началникот да замине (можеби и на друга, можеби и подобра функција затоа што нели нема доволно добри кадри) мора да се искаже загриженост за тоа кој ќе го наследи. Ако се следи логиката на премиерот Заев позицијата прв човек на македонската јавна безбедност долго време ќе остане празна. Или можеби тоа проблем е само за вицепремиери и директори а за началници има доволно способни кадри.

По аферата „Иновации“ Заев рече дека нема намера да им бара оставки на инволвираните затоа што не било лесно да се најдат кадри за високи позиции во Владата.

Премиерот го кажа тоа без да биде свесен дека со тоа на сите свои директори , владини функционери и началници им даде до знаење дека можат да прават криминал колку што сакаат затоа што нема кој да ги смени. Веројатно и Велковски ја сушнал изјавата на својот шеф. И поверувал на истата. А премиерот сега го нема да каже дека зборот е збор и да му прости. За да не мора да бара нов кадар.

П.С.
За тие што прво на ум им паѓа да речат дека и ВМРО – ДПМНЕ така правеше и дека и министерот Спасов и началникот Мијалков и други началници вршеле злоупотреби, да ги потсетам дека целата извршна власт со се судови, комисии и парламент сега е во рацете на СДСМ. Власта имаше доволно време (и се уште има) да открие стар криминал. Додека не се занимава со големи откритија од типот кој јадел плешка од бизон и врат од жирафа.

1 Коментар

  1. CELOSNA REORGANIZACIJA NA DRZAVATA ! ! toa treba….od kade da se pocne ? od PRIRODATA i naseto VREMENO bitisuvanje vo nea se celosno pocituvanje na prirodnite zakoni i VZAEMNO ziveenje so nea pocnuvajki od “mrtvata” priroda, vodata rastenijata zivotnite pa na kraj “covekot” koj bozem ima porazviena sposobnost za razmisluvanje da se prilagodi na prirodnite zakoni ! ! ….segasniov “sistem” vo svetov trgnuva od EGOIZMOT i ALCNOSTA so koristenje na site MOZNOSTI (oportunizam) za da se ostvari toa bez razlika na posledicite ! ! a seto toa se pravi uste od mali noze……”klocni ja dadati,…opcuj go cickoti,…bidi najjak u skolu,…silen “maz” na tato,…bidi “odlicen” vo skolo so nasilstvoto na roditelite,..sega mu e majkata da se zbogatis,…. iako dobar del niti se intelektualno niti rabotno sposobni da stanat “milioneri” preku nok a uste povazno ako ne go opljackas trudot na nekoj drug ! ! …..mnogu filozofii pa i religii gi davat site tie odgovori kako,koga i kade sto da se pravi ….DEMOKRATIJA=KONTROLIRANA ANARHIJA I PLACKANJE NA TUGIOT TRUD ! ! “PRAVNA” drzava nikogas i ne postoela tuku “pravoto” e na onoj sto e na vlast ! ! donekade socijalizmot davashe nekoi resenija no i toj vo najgolem del bese vo funkcija na “vladetelite”…primer koga se uvide deka samoupravniot socijalizam ke in dade poveke kontrola na site sto stvaraat-rabotat vrednosti-kapital i ke stanat posiroko kako masa pobogati i so toa pomokni …. no nakratko koga Ante Markovic uspea da pocne turbo ekonomski bum toa veke ne bese vazno tuku da se unisti takviot sistem i drzava i toa krvavo ! ! a za toa sekogas ima idioti duri i vo sanu i manu i sekade !
    ako ne se egzistira PARALELNO so ETICKITE i MORALNI VREDNOSTI SEKOGAS SE DOAGA DO VRVOT NA ALCNOSTA I EGOIZMOT ! [ DO KRVOPROLEVANJE ! ! ILI SOPSTVENO UNISTUVANJE ! ! ( i od zbesnuvanje od mnogu pari…drogi brzo vozenje zabeguvanje,rasuranje familii, unistuvanje necii rani mladosti ….)
    vo PRAKSA NITU EDEN SLUZBENIK NE SMEE NITU EDNO KAFE DA MU DADE NIT NA “GOSTIN” NA OPSTINSKA ILI DRZAVNA SMETKA ! ! (porano imase i posebno kafe-kuvarka ;-), moze vo privatna firma ! ), A KAMOLI STOTICI ILJADI EVRA PO KAFANI RESTORANI TRI LEPI BRENI PODAROCI I STO TI NE….BASKA-BASHKA MOMICKATA DA ODE SUS DRUGARCINJTA NA HALKIDIKI ! !
    dodeka ne se napravi CELOSNA REORGANIZAC IJA na cela drzava se so site zakoni i propisi NIKOGAS NEMA DA BIDE “DOBRO” osven za vlasta ! ! !

Comments are closed.