За шест од десет Грци, Преспанскиот договор е негативен

Веројатно негативно или сигурно негативно шест од десет Грци го оценуваат Договорот од Преспа, покажува новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Пулс“ за грчката телевизија Скај.

На прашањето „од она што го имате слушнато и го знаете, лично вие, како го оценувате Договорот што Владата го потпиша во Преспа со поранешната југословенска Република Македонија?“, 27 отсто од граѓаните одбираат еден од позитивните одговори, еден од негативните одговори одбрале 62 отсто, а 11 проценти рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

Речиси девет од 10 (86 проценти) од гласачите на Нова демократија дале сигурно негативна (70 отсто) или веројатно негативна (16 отсто) оценка за договорот, а само 10 отсто го оцениле сигурно позитивно (5 отсто) или веројатно позитивно (5 отсто) решението меѓу Македонија и Грција.

Според истражувањето, Нова демократија и понатаму е во предност пред СИРИЗА со 11,5 проценти разлика.

 

SHARE

Comments are closed.