За 8 месеци реализирани 1/4 капитални инвестиции

За осум месеци од годинава не е остварена ниту четвртина од планираните капитални проекти. Диосега се реализирани 23,3 проценти или 90 од планираните речиси 400 милиони евра.

Во јуни власта даде надеж дека не очекува засилена динамика на капиталните проекти. Најоптимист е министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој изјави дека до крајот на годината неговиот ресор ќе успее да реализира дури 95 отсто од капиталните инвестиции.

За Сугарески најголем проблем е гасоводот на Водно, кој поради протестите е стопиран.
Но за Владата лошата реализација е резултат на политичката криза која влијае врз економските параметри.

Оставете Коментар