Бугарскиот новинар Иван Гарелов го посочи Емануел Макрон како еден од факторите што влијаеле за неуспехот на референдумот во Македонија, мислејќи на обраќањето на францускиот претседател до македонските избирачи во кое ги повика да гласаат „за“.

„Откако дури и претседателот на Франција, Макрон, отиде да агитира како да гласаат Македонците, природно дека тие се одлучија за обратното. Балканскиот карактер не им е без основа. Повиците да си го сменат името имаа обратен ефект“, рече Гарелов во емисијата „Офанзива“ на Канал 3.

„Додека нам никој не ни постави такви услови за влез во ЕУ, атмосферата беше различна. Многу нешта се променија оттогаш. Се видоа и недостатоците на Унијата“, дополни тој.

Според Гарелов, иднината на македонскиот премиер Зоран Заев не е розова, а смета и дека и договорот меѓу Македонија и Грција е доведен во прашање.

 

Оставете Коментар