Цел Раштак и пола Љуботен ќе се кренат против неправдата

Скопските села Раштак и Љуботен останале без струја затоа што десетина семејства во селото Љуботен не сакаат да плаќаат за струја а според ЕВН некои засега неидентификувани лица интервенирале во мрежата со која селото добива електрична енергија.

Официјално од ЕВН велат дека се работи за дефект поради кој морале да исклучат дел од мрежат но селаните кои што редовно плаќаат струја како колатерална штета ја опишуваат голготата која ја минале во последниве денови.

Ова не е прв пат во овие села, електрична енергија да нема повеќе од 24 часа, пред само речиси еден месец, според изјавите на селаните, струја немало 36 часа, а со тоа немало ни вода бидејќи се снабдуваат од пумпи и хидрофори кои не можат да работат без струја.

Мештаните велат дека реагирале до ЕВН за ваквите чести прекини во снабдувањето со електрична енергија, но од таму секога го добивале истиот одговор, дека има дефект и дека се работи на случајот. Селаните велат дека претрпуваат штети со немањето на струја, им се расипува храната, домакинските апарати, а дечињата во овие топли денови се оставени без вода.

„По констатирање на дефектот екипите на ЕВН Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација на истиот меѓутоа наидоа на потешкотии поради детектирање на тешки манипулации направени последниот месец во мрежата, поконкретно нелегално и самоволно префрлување на кабли од среден и низок напон од страна на одредени корисници.ЕВН Македонија веќе презема правни мерки против корисниците кои вршеле нелегални активности во мрежата на овој регион“, се наведува во реакцијата на ЕВН.

Селаните кои не редовно плаќаат за струја предупредуваат дека доколку не се реши овој проблем, ќе излезат на масовни протести и ќе блокираат патишта, а воедно апелираат до ЕВН повеќе да не ги доведува до вакви нехумани ситуации.

SHARE