За ЕУ, Македонија и понатаму останува ПЈРМ

Loading...

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизираше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.

– Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега, изјави Коцијанчич.

2 Коментари

  1. Игор Јанев June 18, 2018 at 11:57 am
    ВНИМАНИЕ!
    За Нимиц, Договорот од Преспа е веќе во сила, по неговиот потпис, и ќе го носи договорот, по ратификацијата САМО во нашиот парламент во СБ на ОН, како Анекс на следната резолуција на СБ на ОН со која СБ на ОН ПРИФАЌА одредбите и решението во Договорот.
    Според Нимиц ДОВОЛНО е да Договорот биде ратифициран во Мк. собрание! И без ПОТИПС на Иванов! И без РЕФЕРЕНДУМ !!
    Со новата рез. на СБ на ОН во која е содржано решение, ЌЕ СЕ ЗАМЕНИ Рез. 817, и Рез.845!!!
    Веројатно е дека новата рез. ке биде донесена едногласно.
    Потоа, Нимиц планира решението да биде ПОТВРДЕНО и од Генералното собрание на ООН!
    По овие акти, нема да биде лесно и на најсилните експерти работата да се врати на правиот пат!

Comments are closed.