За ЕУ веќе нема македонски јазик – исчезна во Софија

Loading...

Текстот од усвоената Декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан што денеска се одржа во Софија е достапен и на – „јазикот на поранешната југословенска Република Македонија“.

Имено на сајтот на Европскиот совет може да се најде целиот текст од декларацијата во англиска верзија но и во други „јазични верзии“: Албански, босански, црногорски и српски.

Нема само верзија на македонски, а во „понудата“ на сајтот пишува дека текстот од Декларацијата е достапна и на Јазикот на поранешната југословенска Република Македонија.

Инаку, во текстот на декларацијата не се споменува терминот „држави“ од Западен Балкан, туку „партнери“ поради позицијата на Шпанија кон Косово кое официјален Мадрид, (како и Грција, Кипар, Романија и Словалка) не го признава за држава.

Не е јасно по чие барање или поради чиј пропуст на сајтот на Советот на Европа, македонскиот јазик е заменет со јазикот на поранешната југословенска Република Македонија.

Со оглед на тоа што ваквото именување е дадено на официјалниот сајт на ЕУ под кој е потпишан пртпаролот на Унијата, јасно е дека се работи за внатрешен договор за кој Македонија барем јавно не е консултирана.

Од македонското МНР попладнево информираа дека било побарано да се исправи грешката.

Ова е прв случај на преименување на јазик на една држава кандидат или членка на ЕУ.