Ставот на пратеникот Ферид Мухиќ изнесен во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 дека договорот со Грција го порекнува македонскиот идентитет и ги брише сите етникуми во земјава е негов личен став, реагираа денеска од владејачката СДСМ.

„Ставот на парламентарното мнозинство е дека Македонија треба да продолжи напред кон приемот во ЕУ и НАТО. СДСМ ќе продолжи да го зацврстува и окрупнува парламентарното мнозинство. Ставот на мнозинството македонски граѓани е дека земјата треба да продолжи да напредува во Европа и светот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Во „Само вистина“ на Канал 5, Мухиќ, меѓу другото оцени дека договорот со Грција најирационалниот и најбесмислениот договор кој можеше да се постигне. Тој е без преседан и со него се брише историјата на еден народ. ,

Мухиќ смета дека ваков договор никогаш не бил потпишан во истроријата, ниту во поствоени услови, кога една држава била принудена да потпише безусловна капитулација.

„Јапонија и Германија беа принудени да потпишат безусловна капитулација, но со тоа не им беше сменето името ни на едно селце…“ рече Мухиќ.