Судејќи според најавата на германскиот весник „Берлинер цајтунг“ за ждрепката в недела, фудбалската репрезентација на Македонија е меѓу најнепосакуваните противници за Германија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Покрај Македонија од петтиот шешир, во номинално најтешката можна група за „панцерите“, кои ќе бидат извлечени од вториот, весникот ги стави и светскиот шампион Франција од првиот, потоа Србија или Турција од третиот, Грција од четвртиот и Летонија од последниот.

Извлекувањето на квалификациските групи е закажано за в недела во Даблин, а првиот еврошампионат во 12 земји ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

 

SHARE

Оставете Коментар