За германските даскали веќе сме „Nord Mazedonien“

Ќерката на Македонец во Германија, деновиве добила официјален документ (Abschlussezeugnis der Ausbilgung) од германско училиште во покраината Hessen, во кој стои дека била родена во „Nord Mazedonien“.

До школските власти, инаку, уредно им бил доставен извод од матична книга на родени дека е родена во Република Македонија.

Во разговор со директорката на училиштето, на родителите им било објаснето дека документот најпрво бил подготвен со името Македoнија, но по потпишување на договорот меѓу Македонија и Грција,  одлучиле да го стават „договореното име“.

Наводно, овој случај не бил единствен, пишуваат граѓани на социјалните мрежи.

1 Коментар

  1. Некои навистина си ја преспиваат реалноста…животот. Добро утро!

Comments are closed.