За Грците Мицотакис би бил подобар премиер

Последното испитување на јавното мислење покажува дека  74 отсто под Грците сметаат дека ситуацијата во земјата се влошува, само 17 отсто велат дека земјата презема чекори во вистинската насока.

На прашањето како се чувствуваат за она што се случува во Грција денес, 22 отсто рекле дека чувствуваат разочарување, 21 отсто рекле дека се чувствуваат лути, а 19 отсто рекле дека се чувствуваат вознемирени.

Неверојатни 84 отсто од оние кои учествувале во анкетата изјавија дека се незадоволни од начинот на кој владата ги решава проблемите на земјата, а 76 отсто не се задоволни од начинот на кој опозицијата реагира на истите прашања.

Запрашани кој е повеќе способен да биде премиер, за лидерот на опозициската Неа демократија, Киријакос Мицотакис, за првпат се изјасниле 43 отсто, додека за Ципрас – 25 отсто од анкетираните.

SHARE