За кого ќе „одбројува“ бројчаникот?

Еве, да кажеме дека ги разбирам причините, симболиката и мотивите да се постави бројчаник на Триумфалната капија, што наводно ќе ги бележи вратените и конфискуваните пари и кого го донираше премиерот Зоран Заев. Ама, не ги разбирам!

„Граѓаните треба (имаат право) да знаат“! Кои граѓани? Оние што случајно ќе поминат крај Триумфалната капија? Или ќе се прават екскурзии на дневна основа од цела Македонија за да им се даде „меродавна“ информација на граѓаните, пишува Ѕвездан Георгиевски во колумна за „Призма“.

Ако веќе Владата сака ефективна транспарентност и ако веќе монтирала бројчаник, тогаш, бујрум, нека го бележи бројчаникот намалувањето на јавниот долг, на пример. Или на вкупната задолженост. Таков потфат заслужува триумфализам за да се обелоденува на нешто што се нарекува Триумфална капија.

Која беше потребата од донацијата на Заев? Белки не дека премиерот има пари. Тоа, конечно го знаевме и досега. Дека е дарежлив и дека нема каде попаметно да ги потроши своите пари?

Дека бројчаникот е некое општо добро без кое државата не може да се замисли, а нема пари да го купи? пишува Георгијевски.

Оставете Коментар