За Лондон името е централно балканско безбедносно прашање

За официјален Лондон решение за спорот со името е централно безбедносно прашање за целиот регион.

Тоа е така за сите западни земји заедно со Велика Британија, изјавил британскиот амбасадор во Република Македонија Чарлс Гарет во интервју за телевизија „Телма“.

Лондон очекува од Македонија и од Грција да направат компрпомис, а решението според Герет ќе биде пресвртница за иднината на Македонија.

Британскиот амбасадор е умерен оптимист за решение меѓу Скопје и Атина.

– Јас сум претпазлив оптимист. Гледам дека преговорите продолжуваат. Има позитивни коментари јасно е дека има посветеност во обидите на двете страни, на Атина и на Скопје, и на Грција и на Македонија е да го решат ова прашање засекогаш. Знам дека има тежок момент. Потребна е политичка храброст за да се постигне потребниот договор, вели британскиот амбасадор.

Според Гарет секоја од страните мора да направи еден вид компромис кој ќе отвори огромни можности за двете страни а ако има договор, овие можности можат да бидат пресвртница за Македонија.

Поддршката од Британија е стара и таа нема да запре порачува Чарлс Гарет во интервјуто за „Телма“.

3 Коментари

  1. Внимавајте! Она што изјавува Гарет, тоа е нешто што некој домашен му ставил во уста! Кутриот Гарет сега не може ниту да разбере зошто проф. Ванковска го псује! Гарет е искористен исто како и многу други западни дипломати! Тактиката на МНР е дека “ние ништо не можевме Не присилија странците!” Исто е и со демек странската идеја за “фазно менување Уставот во решавање на ИМЕТО”, која демек потекнува од меѓународната заедница! Тоа е осмислена дезинформација пласирана од нашето МНР!!

  2. Всушност фазно менување уставот е стратегијата на МНР, но сега се пласира како план на меѓународната заедница. За среќа, оваа е веќе отфрлена од Грција.

Оставете Коментар