Мицотакис против македонска нација и јазик

Во пресрет на денешните протести за зачувување на „грчкоста на името Македонија“,  лидерот на најголемата опозициска партија во Грција порача дека услови за решавање на името на северниот сосед се промена на македонскиот устав, отстранување на иредентизмот, ерга омнес име и тоа без македонска националност и јазик.

„Ние како партија цврсто остануваме на нашата позиција. Решението треба да е едно, комплетно …Македонската националност и македонски јазик не можат да бидат прифатени. Едно име за севкупна употреба во и вон границите и име заедно прифатливо што нема да ги труе односите на двете држави веќе наредниот ден“ вели Кирјакос Мицотакис, како што пренесе МИА од Атина.

Мицотакис го обвини Алексис Ципрас дека по секоја цел се обидува да постигне договор и оцени дека „она што го гледаме е агонија, голема агонија, по секоја цена и колку е можно побргу решение на скопското прашање за да им служи на меѓународните цели и сето ова во време кога владата не поседува никаков политички легитимитет…“

Лидерот на Неа демократија неодамна изјави „дваесет години живееме со овој проблем, со ова нерешено прашање, според тоа можеме да живееме уште две-три години“.

Партијатана Мицотакис води за десетина проценти во популарноста пред владејачката СИРИЗА, и се надева да ја преземе власта на следните парламентарни избори закажани за идната година.

1 Коментар

Оставете Коментар