За Мукоски една, за Ченто, Јовановски и Илиевски сосема друга правда

Апелациониот суд во Скопје се’ уште не ја објавува одлуката на судот за гаранциите кои притворени лица за 27 април ја нудат за замена на мерката притвор со поблага мерка.

За разлика од “гласачката” машина пратеникот Крсто Муковски кој за два часа по “брза постапка“ беше ослободен за да може да гласа за уставните измени, внукот на првиот претседател на Македонија Јане Ченто, актерската легенда Владо Јовановски и познатиот архитект и активист Богдан Илиевски и по 8 дена немаат одговор на своите барања со што македонското судство практично покажува што е “селективна правда”.

Предходно на јавната седница обвинетиот Јане Ченто понуди гаранција од 526.000 евра вредност на имот кој го понудија 7 семејства, за да биде пуштен да се брани од слобода, нешто што претходно им беше овозможено на повеќе лица во случајот за 27 април.

-Јас, почитуван суде, нема да бегам! Бегаат само кукавиците! Јас нема да побегнам од мојот син. Оваа гаранција, од безмалку 530.00 евра, ја обезбедија седум семејства. Мои роднини пријатели. Јас сигурно нема да им донесам неволја на тие луѓе. Впрочем, јас пред ‘Шутка’ бев еден месец во куќен притвор и да сакав да бегам – ќе избегав!, рече тогаш обвинетиот Ченто.

Адвокатот Донче Наков рече дека е лицемерно решението на Кривичниот совет на скопскиот кривичен суд кој ја одбил втората најголема гаранција во случајот, алудирајќи на нееднаквите аршини на судот. Токму против ова решение одбраната поднесе жалби пред Апелациониот суд, за кои иако се одржа јавна седница пред повеќе од 8 дена, нема одговор од судот.

На истата седница беа истакнат и жалбите на обвинетите Владо Јовановски и Богдан Илиевски, за кои исто така одлука се’ уште нема.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар