За Најчевска бојкот на референдумот значи саботажа!

Loading...

Професорјката Мирјана Најчевска во текст за „CivilMedia “ детектира 8 можни групи на граѓани кои би бојкотирале рерферендум како „акт на непосредна“ демократија# , нивно право и можност за влијание врз одлуките на власта.

„… не значи дека луѓето немаат право да бојкотираат или дека заради тоа треба да бидат казнети. Едноставно, се поставува прашањето: зошто некој би го бојкотирал референдумот?“ – вели Најчевска и наведува 8 групи луѓе кои од различни причини би го поддржале бојкотот на референдумот“

Прва група – сеедно ми е што се случува, сите се исти, гајле ми е за се…

Втора група – не верувам во Избирачкиот список.Трета група – не верувам во ДИК и нејзините способности да изведат вака сложена постапка.

Четврта група – знам дека ќе изгубам.

Петта група – се плашам.

Шеста група – да не го формулиравте вака…

Седма група – немам појма за што станува збор, ама знам дека сите се исти.

Осма група – Левица. Тоа се луѓе кои ме оставаат без текст, пишува Најчевска.

„Во секој случај, бојкотот на референдум е одреден вид на саботажа. Бојкотот на референдумот  овозможува евидентно малцинство да ја диктира волјата над мнозинството граѓани и да го оневозможи фактичкото практикување на непосредната демократија како право на граѓаните“, констатира Најчевска во текст за „CivilMedia“.

1 Коментар

Оставете Коментар