За непријавен подарок – очила, Џастин Трудо казнет со 100 долари

Канадскиот премиер бил казнет со 100 долари поради тоа што не пријавил дека добил подарок очила.

Според Си-Би-Ес, лани Џастин Трудо и неговата сопруга добиле на подарок од премиерот на канадската провинција „Принц Едвард“ два пара очила за сонце во кожени навлаки , а малопродажната цена на овој додаток е помеѓу 300 и 500 долари.

Локалното законодавство го обврзува премиерот во рок од 30 дена да ги пријави сите примени подароци чија вредност надминува 200 долари.

Трудо веќе ја плати казната.

SHARE